Фудбал
Мартинез: Немав контакти со Барселона, но…
Медиумите во Шпанија веќе практично го сменија Роналд Куман од позицијата тренер на Барселона по поразот од Бенфика со 3:0 во Лигата на шампионите.
Каталонскиот тим никогаш во историјата немал послаб старт во елитното европско натпреварување. Ситуацијата не е многу подобра ниту во шпанското првенство, каде Барселона моментно се наоѓа на шестото место со 12 бода.
Се шпекулира дека Лапорта и неговите соработници во голема мера бараат нов тренер, иако играчите го поддржуваат Холанѓанецот и веруваат дека промената не е решение.
Роберто Мартинез, актуелниот селектор на белгиската репрезентација, се споменува како прв пик што ќе го наследи Куман.
„Немав апсолутно никаков контакт со Барселона. Целосно сум фокусиран на белгиската репрезентација и сакам да го завршам договорот, кој истекува во 2022 година, односно по завршувањето на Светското првенство во Катар“, изјави Мартинез.
На прашањето дали нешто ќе се смени доколку Барса испрати официјална покана, Мартинез кратко одговори.
„Не ја исклучувам оваа можност“.