Connect with us

Фудбал

Мартинез подготвен да ја напушти белгиската репрезентација и да го преземе Реал

Белгиската фудбалска федерација нема да се противи доколку селекторот Роберто Мартинез одлучи да замине во Реал Мадрид, објавија тамошните медиуми.

Шпанскиот фудбалски стручњак е меѓу кандидатите за функцијата главен тренер на Реал, по отказот што го доби Хулен Лопетеги.

Според белгиските медиуми, во федерацијата ја разбираат желбата на Мартинез доколку му се укаже шанса кариерата да ја продолжи во Мадрид.

Сепак, дозвола да ја напушти репрезентацијата на Белгија, Мартинез би добил по натпреварите од ноемврискиот циклус во Лигата на нациите.

Освен Мартинез, Реал како опција за тренерското место во предвид ги има Антонио Конте, Маурисио Покетино и Жозе Мурињо, пренесуваат шпанските медиуми.

Привремено, европскиот шампион го предводи Сантијаго Солари.