Connect with us

Фудбал

Масовна чистка: Дури девет ѕвезди го напуштаат ПСЖ

ПСЖ се подготвува за заминување на дури девет играчи на крајот од сезоната.

Неочекуван и шокантен пораз од Реал Мадрид и испаѓање од Лигата на шампионите веќе во осминафиналето предизвика немир во Париз.

Ќе помине уште една сезона во која нема да се освои трофејот кој е приоритет над приоритетите, па во лето ќе има масовна чистка во соблекувалната.

ПСЖ пред почетокот на сезоната создаде своевиден фудбалски тим од соништата со доаѓањето на Лионел Меси, Серхио Рамос, Ахраф Хакими, Џорџини Вајналдум и Џанлуиџи Донарума, но на крајот не го даде очекуваниот резултат.

На Паркот на принцовите само за плати на фудбалерите годишно се трошат околу 300 милиони евра, а најплатен од сите е Меси со плата од 41 милион.

Прв замина Килијан Мбапе, кој со раширени раце го чекаат во Реал. Како слободен играч, француската престолнина ќе ја напушти и големиот Анхел Ди Марија.

Леандро Паредес, Идриса Гује, Тило Керер, Лајвин Курзава, Џулијан Дракслер и Андер Херера се играчи на продажба, додека за заминување чека и Рамос кој е најголемото разочарување.

Што се однесува до Нејмар и Меси, тие двајца ќе останат во Париз барем уште една сезона.

Раководството на клубот одлучи Маркињос, Марко Верати, Ахраф Хакими, Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендес и Преснел Кимпембе да бидат играчите на кои ќе се гради иднината.