Фудбал
Маурисио Покетино позитивен на коронавирус
Тренерот на ПСG, Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус.
Аргентинскиот стручњак денес доби резултат со позитивен тест на Ковид 19, па нема да може да го води тимот во наредниот период.
Покетино го освои својот прв трофеј во кариерата во средата. Со ПСЖ го освои Суперкупот на Франција со победа над Марсеј со 2:1.
Да потсетиме, големиот стручњак неодамна го презеде францускиот шампион, и го наследи Томас Тухел како тренер.
Покетино е во изолација, тој нема да биде на мечот со Анже, а ќе видиме кога ќе се врати на клупата.