Connect with us

Фудбал

Маурицио Сари со „кошаркари“, од Јуве ќе прави европски првак


Екипата на Јувентус во претстојната сезона ќе го има можеби и највисокиот тим во Лигата на шампионите според просечната височина на играчите, и тренерот Маурицио Сари верува дека физичката предност во однос на ривалите може да им го донесе толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.
Во средниот ред, дресот на Јуве би можеле да го носат Адриен Рабио и Матајс де Лихт, а се шпекулира и со Сергеј Милинковиќ Савиќ и Пол Погба. Сите овие четворица фудбалери се атлетски градени и високи се над 185 сантиметри. Исклучок е Арон Рамзи кој дојде од Арсенал, но Велшанецот има одлична техника и затоа недостатокот на сантиметри ќе го надомести на друг начин.
Во актуелниот состав на „старата дама“, Сари веќе има тројца со 185 или повеќе сантиметри, тоа се Бернардески, Кристијано Роналдо и Бонучи. Ова најавува дека Јуве ќе биде многу опасен во воздушните дуели, но истотака сите овие играчи знаат да играат и ниско по земја, па италијанскиот првак нема да има многу слаби страни.

.

Извор: Sportmanija.mk