Connect with us

Фудбал

Мажиќ четврт судија на натпреварот Уругвај-Египет

Најдобариот српски фудбалски арбитер, Милорад Мажиќ, беше прогласен за четврти судија на натпреварот помеѓу Уругвај и Египет на Светското првенство во Русија.

Во утрешниот натпревар од првото коло во групата А во Екатеринбург, Холанѓанецот Бјорн Кујперс ќе ја дели правдата, а ќе му помагаат Сандер ван Рикел и Ервин Зенстра.

Покрај Мажиќ, улогата на резервен судија ќе ја има и неговиот член на тимот, Милован Ристиќ.

Натпреварот помеѓу Уругвај и Египет ќе се одигра утре во 14:00 часот.