Connect with us

Фудбал

Мажиќ: Судењето на финалето на Лигата на шампионите е остварување на сон

Вечерва се игра финалето од најелитното клубско натпреварување во Европа – Лигата на шампионите.

Чест и привилегија да се суди натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид му припадна на српскиот арбитер Милорад Мажиќ, кој за сајтот на УЕФА пред големото финале, изјави дека ќе го реализира својот сон.

“Ако прашате било кој Европски арбитер, што е неговиот сон кога почна меѓународна кариера, тој ќе ви каже дека тоа е судењето во финалето на Лигата на Шампионите. Ова е најголемиот натпревар. Многу е посебен и горд сум што со мојот тим ќе бидеме дел од тоа”, рече тој е Мажиќ.

На Мажиќ ќе му помагаат Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ, додека зад голови ќе бидат Ненад Ѓокиќ и Данило Грујиќ. Заменикот судија е Немања Петровиќ, а четвртиот судија е французинот Климент Турпин.

“Ние работиме напорно како тим. Постојано зборуваме за работата, се подготвуваме за секој натпревар и гледаме да се подобриме”, додаде српскиот арбитер.

Инаку, Мажиќ е меѓународен судија од 2009 година, а ова не му е прв пат челниците од европскиот и светскиот фудбал, да му доделат важен натпревар.