Connect with us

Фудбал

Мбапе ја одбил и последната понуда на ПСЖ, ова е крај!?

Напаѓачот Килијан Мбапе ја одбил и последната понуда на ПСЖ за продолжување на договорот. Како што пишува „Марка“, раководството на францускиот тим му понудило нов шестгодишен договор на 22 годишниот напаѓач, но тој одбил да го стави својот потпис.

Наводно неговата желба е да се пресели во Реал Мадрид. Ова според „Марка“ е веќе извесно, но само останува да се види дали Мбапе ова лето ќе стане „Крал“ или следното кога и како слободен играч може да замине од ПСЖ.