Connect with us

Фудбал

Мбапе конечно реши да зборува за финалето, го прашаа за срамниот потег на Мартинез, за Меси…

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека никогаш нема да може да го “свари” поразот на Франција во финалето на Светското првенство од Аргентина по пенали.

-Мислам дека тоа никогаш нема да го сварам“, изјави Мбапе на новинарите по натпреварот против Стразбур.

Пари Сен Жермен синоќа во Лига 1 го победи Стразбур со 2-1, а победничкиот гол го постигна Мбапе во петтата минута од судиското надополнување од белата точка.

Со Франција играше во финалето на неодамна завршеното Светско првенство, на кое неговата репрезентација не успеа да ја одбрани титулата, бидејќи загуби од Аргентина на пенали со 2:4, откако по регуларното време и продолженијата беше 3:3.

Мбапе се врати во клубот и тренира со соиграчите порано од очекуваното.

„Добро е чувството да се вратиш за да победиш, да се поврзам со клубот, навивачите, соиграчите. Зборував со тренерот пред финалето и му кажав дека, без разлика на резултатот, ќе се вратам по турнирот  бидејќи се чувствував добро и сакав да продолжам да играм, бидејќи имаме два важни натпревари“, изјави најдобриот стрелец на Светското првенство во Катар.

Запрашан за начинот на кој фудбалерите на Аргентина се радуваа по освојувањето на титулата, Мбапе ги отфрли проблемите.

„Прославите не се мој проблем, не трошам енергија на такви тривијални работи, најважно ми е да го дадам најдоброто за мојот клуб. Ќе чекаме Меси да се врати и да продолжиме да даваме голови и да победуваме во натпреварите. “ изјави Мбапе за својот соиграч.

Разговаравме по натпреварот, му честитав.