Фудбал
Мбапе од 1 милијарда евра, Реал Мадрид веќе пресметал се, сон или луд потег на Флорентино Перез?!
Реал Мадрид и Килијан Мбапе се совршен пример за врска љубов-омраза. Двете страни се посакуваа во различни фази, но од една или друга причина не беше можен трансферот на француската ѕвезда на “Бернабеу”. Сепак, се чини дека финалето на Светското првенство во кое постигна хет-трик против Аргентина, вклучувајќи го и неверојатниот турнир на напаѓачот кој го заврши како најдобар стрелец, ги убеди „Бланкоси“ да го остават зад себе минатото и да одат до крај.

Па, колку европскиот шампион го сака Мбапе? Според пишувањето на „Gazzetta dello Sport“, Реал подготвува сума близу една милијарда евра за договорот на ѕвездата заедно со сумата за трансфер што треба да ја плати на Пари Сен Жермен.

Тимот од шпанската престолнина почнува да се убедува дека Мбапе следното лето ќе носи бело, а неговата желба да го напушти ПСЖ и да замине од Франција само ја засилува веројатноста таквиот потег да се реализира, иако пред оваа сезона потпиша нов договор.

Иако минатото лето го разочара, претседателот на Реал Флорентино Перез е убеден дека ова е стратешка операција за мадриѓаните, за која според извештајот, шпанскиот луксузен клуб веќе го проучил договорот на 23-годишната ѕвезда, кој ќе биде околу 630 милиони евра – сума што тие се подготвени да ја преземат.
Покрај тоа, Мадрид ќе мора да му плати на Париз сума за трансфер од најмалку 150 милиони евра – и тоа без бонуси и провизии, со кои сигурно сумата ќе биде далеку повисока.
Со тоа, тимот на Карло Анчелоти ќе подготви, според Газета Дело Спорт нешто помалку од милијарда евра со цел да фо ома Мбапе во своите редови.