Фудбал
Мбапе од 200 милиони евра, четирити клубови во трка за неговиот потпис
Францускиот весник „Ле Паризиен“ објави дека големи се шансите Килијан Мбапе да замине следната сезона. Францускиот шампион му нуди нов договор, но како што тврди овој медиум, фудбалерот нема да се согласи на продолжување на соработката, па во летото 2021 следува трансфер.
Во „пол позиција“ за неговиот потпис е Реал Мадрид, бидејќи самиот Мбапе уште одамна има изјавено дека би сакал еден ден да го облече дресот на „Кралевите“. Цената е 200 милиони евра, дали ќе успеат нешто да „спуштат“ со оглед на коронакризата, останува да се види.
Три други клубови ја чекаат разврската помеѓу Мбапе, ПСЖ и Реал Мадрид, а тоа се Ливерпул, Јувентус и Барселона.