Connect with us

Фудбал

Мбапе одбил транфер од МИЛИЈАРДА евра!

Саудискиот гигант Ал Хилал беше подготвен да вложи вкупно 1.000.000.000 евра во најголемиот трансфер во историјата на спортот и да го доведе Килијан Мбапе во своите редови, но од тој договор нема ништо. Како што ексклузивно пренесува Фабрицио Романо, еден од најдобрите фудбалери на планетата одбил да го напушти Пари Сен Жермен и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Ал Хилал бил подготвен да му плати на ПСЖ отштета од 300.000.000 евра за трансферот на Мбапе, а на самиот фудбалер да му вети плата од неверојатни 700.000.000 евра, доколку се бројат сите бонуси, маркетинг и комерцијални права. Сепак, 24-годишниот Мбапе не сакаше да ја „убие“ сопствената кариера и да оди далеку од најдобриот клупски фудбал на планетата.