Фудбал
Мбапе побара од шефовите на ПСЖ да го продадат Нејмар
Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе побара од клупските шефови да го продадат Нејмар, потврдувајќи ги информациите дека односите меѓу двојката може да ескалира оваа сезона, тврди L’Equipe.
Според информациите од добро упатени извори во клубот, Мбапе од крајот на минатата сезона има своја група на приврзаници во клубот кои побарале од управата да се ослободи од Бразилецот.
Односот меѓу играчите значително се влоши во последните сезони.
Изворот вели дека Нејмар почнал да слуша гласини дека Мбапе се обидува да го убеди раководството да го продаде, по што настанале тензии и на тренинзите.