Connect with us

Фудбал

Мбапе: Роналдо оди на тренинг, се враќа дома, а потоа го елиминира ПСЖ од ЛШ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, изјави дека луѓето можат да го критикуваат напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо колку што сакаат, но тој си ја знае својата работа.

– Можете да го критикувате Роналдо онолку колку што сакате. Тој оди на тренинг, потоа се враќа дома во неговото семејство, а потоа го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите. Тоа е неговиот вообичаен начин. Тоа е она што му носи среќа, изјави младиот талентиран француски фудбалер.

За потсетување, Реал и ПСЖ се сретнаа во осминафиналето на Лигата на шампионите во изминатата сезона. „Кралскиот“ клуб победи на двете средби (3:1, 2:1), а Роналдо постигна по еден гол на двете средби.