Connect with us

Фудбал

Мбапе се повреди против БиХ, ги пропушта следните натпревари на Франција

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе заработи повреда во квалификацискиот натпревар за СП против Босна и Херцеговина.

БиХ одигра 1:1 во Стразбур и освоија вреден бод. Големо разочарување за светските шампиони, а уште потешко за нив е фактот што останаа без Мбапе, кој се повреди. Францускиот фудбалски сојуз тврди дека тој се повредил на самиот крај од натпреварот.

Ова значи дека без еден од клучните играчи, Французите ќе ги одиграат преостанатите натпревари во септември – против Украина во сабота и Финска во вторник. И двете се, се разбира, во рамките на квалификациите.

Следниот натпревар Парижаните ќе го одиграат на 11 септември против Клермон, а потоа ќе имаат дуел во Лигата на шампионите против Клуб Бриж, на 15 септември. Во тие дуели Мбапе треба да биде подготвен.

Мбапе беше блиску до преселба во Реал Мадрид, но ПСЖ одлучи да ги одбие сите понуди од Шпанците, па ќе го носи дресот на францускиот вицешампион до крајот на сезоната, а на лето може да си замине како слободен играч бидејќи му истекува договорот.