Фудбал
„Ме нарекуваа мајмун“ – сведочи фудбалер од Србија
Жандер Рибеиро Сантана си ја отвори душата и проговори за неговиот период поминат во Црвена Звезда. Вели дека не добивал финансии за неговите настапи, а често и му се обраќале со погрдни зборови.
„Сакам да се заблагодарам за шансата која ја добив. Имав многу добра соработка. Сепак имав и несреќа да направам пенал против Олимпијакос и тоа е најтешкиот момент во мојата кариера. Меѓутоа, клубот не беше фер кон мене откако се случи тоа. Тие не се однесуваа професионално кон мене, не ми дадоа плата дури шест месеци. Најмногу ме растажија навивачите и нивните пораки. Тие безмилосно ме навредуваа мене, моето семејство, ми викаа дека сум мајмун… исто така, ме обвинија дека сум го продал натпреварот. Тоа е смешно…“, кажа Бразилецот.