Connect with us

Фудбал

„Мегваер секој ден ѝ кажува на сопругата дека е пос*ан фудбалер, но дека заработува добри пари затоа што мислат дека знае да игра

Манчестер Јунајтед вечерва доживеа срам на домашен терен бидејќи Ливерпул издвојува висока победа од 0:5.

На „Олд Трафорд“ го гледавме судирот на најголемите ривали во Премиер лигата, а на крајот Ливерпул му одрша лекција на Јунајтед и славеше со 5:0.

Навивачите на Јунајтед не можеа ниту да сонуваат да доживеат таков дебакл од својот најголем ривал, и на крајот ги исвиркаа своите играчи по очајната игра.

Особено критикуван беше Хари Мегваер кој повторно потфрли, а на Твитер е изјавата на легендарниот Рафаел ван дер Варт, кој своевремено беше жесток критичар на англискиот дефанзивец.

Ван дер Варт тогаш не го штедеше капитенот на Јунајтед, а навивачите на овој клуб повторно почнаа да ја споделуваат неговата изјава и порачаа дека Холанѓанецот е целосно во право.

„Мислам дека Мегваер и вели на својата сопруга секој ден кога ќе се врати дома: „Јас сум пос*ан фудбалер, но заработувам многу пари и тие навистина мислат дека сум добар во тоа“, рече Ван дер Варт.