Други спортови
Мекларен се повлече од трката за големата награда на Австралија поради еден член кој има коронавирус
Тимот на Мекларен денеска објави дека се повлекува од Гран-при на Австралија.
Првата трка во Формула 1 ќе се одржи овој викенд, но нема да го има тимот на Мекларен кој се повлече откако еден член на тимот беше позитивно тестиран за коронавирус.
„Мекларен потврди дека се повлекува од Гран-при на Австралија, откако еден член на тимот беше тестиран позитивно за коронавирус. Тој е во карантин и се лекува во локална болница“, рече организаторот.
Пилоти на Мекларен оваа сезона се Карлос Саинз и Ландо Норис.