Connect with us

Тајмаут

Мексиканските навивачи не им даваат на своите фудбалери да спијат

Капитенот на мексиканската репрезентација, Рафаел Маркес, ги замоли навивачите на неговиот тим да ги остават фудбалерите да се одморат.

Голема група мексикански навивачи синоќа се појави пред хотелот каде е сместена мексиканската репрезентација, по што скандираа и пееја со цел да ги поздрават фудбалерите. Играчите се сретнаа со навивачите, а им се обрати капитенот.

– Навистина сме возбудени поради поддршката која ја добиваме. Лично, но и во име на целата екипа сакам да ви се заблагодарам, но и да ве замолам да не оставите да се одмориме, истакна Маркес.

Мексико во првото коло ја совлада Германија, а денеска ќе се соочи со Јужна Кореја.

– Не чека многу важен натпревар и сакаме на сите вас да ви пружиме задоволство. Затоа ве молам да не оставите да се одмориме и уште еднаш благодарам за поддршката, наведе Маркес.

Доколку Мексико ја совлада Јужна Кореја ќе обезбеди пласман во вториот круг.