Фудбал
Мемфис Депај е официјално новиот играч на Барселона
Барселона конечно го потврди трансферот на 27-годишниот холандски фудбалер Мемфис Депај, кој пристигнува на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Депај веќе потпиша договор, но тој и официјално ќе стане каталонски играч на 1 јули, кога официјално ќе му истече договорот со Олимпик Лион.
Депај е третиот играч кој пристигна во Барселона како слободен агент во овој преоден рок. Пред него договорите ги потпишаа поранешните фудбалери на Манчестер Сити, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро. Пристигна и Емерсон Ројал, но тој играше како позајмен играч за Бетис во претходниот период.
Најголемата работа околу доведувањето на Депај ја заврши неговиот сонародник и поранешен тренер, а сега тренерот на Барселона, Роналд Куман. Сепак, Депај потпиша само двегодишен договор, откако беше објавено дека двете страни не се согласиле целосно за должината на договорот.
Депај има 27 години и досега играше за ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и Лион.
Тој во моментов учествува на ЕУРО 2020 со репрезентацијата на Холандија.
✒️ Heart of a Lion
???❤️? pic.twitter.com/F7YZw6Y71m— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 19, 2021
✍️ @Memphis
?❤️ #MemphisCuler— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 19, 2021