Фудбал
Менаџерот на Бензема со видео снимка предизвика бура во Франција (ВИДЕО)
Ситуацијата во Франција не се смирува по Светското првенство во Катар и губењето на финалето од Аргентина по изведување пенали.
Најмногу се зборува за отсуството на Карим Бензема во самата завршница, иако се повеќе има приказни дека освојувачот на „Златната топка“ бил целосно подготвен да игра за „триколорите“.
Je pose ça là mais avant ça j’ai consulté 3 spécialistes qui confirment le diagnostic que @Benzema aurait pu être apte à partir des 1/8 éme pour au moins être sur le banc ! Pourquoi lui avoir demandé de partir si vite ? pic.twitter.com/wtOHhDeDVW
— Karim Djaziri (@KDjaziri) December 26, 2022
Дури и неговиот менаџер Карим Јазири го објави видеото од неговата повреда и анализите на тројца лекари кои потврдија дека Бензема може да игра.
Но, поради одлуката на тренерот Дидие Дешам, тоа не се случи, па Бензема не се ни најде во Катар, иако остана на списокот на пријавени играчи до самиот крај.
Го објавив ова, но прво се консултирав со тројца специјалисти кои ја потврдија дијагнозата – Бензема можеше да биде спремен уште од осминафиналето за да биде барем на клупата. Зошто баравте од него толку брзо да си замине?
Видео кое предизвика лавина коментари во Франција.