Connect with us

Фудбал

Менаџерот на Њукасл со краток и јасен одговор за Роналдо и неговото можно доаѓање!

– На Кристијан му посакуваме сè најдобро, но од наша перспектива нема вистина за тоа, на овој начин одговори Еди Хау, менаџер на Њукасл за информациите кои се појавија во светски медиуми дека е можно Роналдо да го облече дресот на овој тим следната сезона.

Имено, голем број светски медиуми објавија дека Роналдо имал тајна клаузула со Ал Наср од Саудиска Арабија, која вели дека доколку Њукасл се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, тогаш Португалецот како позајмен фудбалер би се преселил во англискиот тим со цел за последен пат да игра во ЛШ.

Инаку, Њукасл е во сопственост на принцот од Саудиска Арабија.

Роналдо вчера беше промовиран пред околу 30.000 фанови, потпиша двегодишен договор со Ал Наср. Според одредени информации, заедно со бонусите неговата годишна плата изнесува неверојатни 200 милиони евра.