Connect with us

Фудбал

Мертенс има еден проблем: „Како да се вратам во Белгија…“

Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс се појави на прес-конференција пред дербито против Интер.

Наполи моментално е на врвот во Серија А со Милан и двата тима имаат по 32 бода, а натпреварот против Интер е многу важен за клубот кој по долги години сонува за Скудето.

„Добро ни оди, секогаш можеме да сонуваме. Оваа година купивме играчи кои ја подигнаа границата. Ни треба и среќа на некои натпревари, но се надевам дека ќе славиме“, изјави Мертенс.

Тој се осврна на самиот град Неапол.

“Дали треба да го кажам тоа? Не се потребни зборови, сите знаат. Кога ќе станам наутро и ќе погледнам во морето, се прашувам како да се вратам во Белгија? Да, ми недостига моето семејство, не е лесно, но се надевам дека во Белгија ќе се вратам што е можно поскоро“, призна напаѓачот на Наполи.

Тој зборуваше и за легендарниот и починат Диего Марадона, поранешен играч на Наполи.

„Неапол е познат низ целиот свет, а Марадона е сè уште жив во нашите срца. Многу е тешко, помина една година и сите денес зборуваме за тоа, но тој е жив, тој е со нас…“ , додава Мертенс.

Во недела од 18 часот се игра Дерби Интер – Наполи.

Реклама

Facebook

Реклама