Connect with us

Други спортови

Мерцедес ја промени бојата на болидот за новата сезона, причината ќе ве изненади

Објавено:

Новата сезона во Формула 1 конечно започнува на 5 јули по повеќе од тримесечно одложување поради коронавирусот.

Сезоната требаше да започне кон средината на март, но тоа беше одложено поради пандемијата. Како и да е, сега се исполнети условите за поголем дел од трките, а новата сезона конечно започнува в недела со трката за ГН на Австрија.

Пред оваа трка, актуелниот шампион Мерцедес објави дека ги промениле боите на своите болиди за новата сезона.

Имено, Мерцедес-АМГ се вклучи во борбата против расизмот и реши своите болиди да ги обои во црно како знак на поддршка во новата сезона, а на нив исто така пишува и „Крај на расизмот“.

Оваа идеја ја иницираше Луис Хамилтон, а Мерцедес веднаш излегоа во пресрет и ја поддржаа борбата против расизмот.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама