Connect with us

Фудбал

Меси без двоумење наведе три од главните ривали на ПСЖ за освојување на Лигата на шампионите

Парижаните сакаат конечно да ја освојат Лигата на шампионите, но Лионел Меси и соиграчите се свесни дека нема да биде воопшто лесно.

Како и секоја сезона, така и оваа сезона конкуренцијата е жестока, но нападот на ПСЖ со Меси, Нејмар и Мбапе секако е напад кој мора да мисли исклучиво на трофејот во Лигата на шампионите и ништо помалку.

Меси во интервју за мадридскиот весник „Марка“ ги одреди тимовите кои барем според него ќе му бидат конкуренти на ПСЖ во борбата за освојување на Лигата на шампионите.

„Ливерпул, Манчестер Сити и Баерн“, рече Меси на прашањето кој ќе се бори за ЛШ со ПСЖ.

Интересно е што ги отпиша шпанските гиганти Реал Мадрид и неговиот поранешен клуб Барселона, но навистина е објективно да се мисли дека овие екипи со оглед на сите проблеми не можат да стигнат до трофејот.

ПСЖ на Меси утре ќе игра дерби коло во групната фаза против Манчестер Сити.

„Сите велат дека сме фаворити, секако дека не го негирам тоа, бидејќи ние сме еден од фаворитите, но мораме да поправиме многу работи ако сакаме да станеме голем тим. Лигата на шампионите е големо, убаво и единствено натпреварувањеа, но не е единствено“, призна Аргентинецот.

Според мене, ова е најпогодната Лига на шампиони во последните години“, изјави Меси, кој подоцна го вброи тимот на Атлетико меѓу фаворитите, но интересно е тоа што на Барселона „не се ни сети“.

Меси минатиот викенд го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ во Лига 1, помагајќи му на тимот да го победи Нант со 3:1, а во Лигата на шампионите веќе постигна три гола за својот нов клуб.

Реклама

Facebook

Реклама