Connect with us

Фудбал

Меси: Извинете, грешев!

Се чини дека Лионел Меси одлучил да стави крај на војната со клубот, или поточно речено со раководството на Барселона. Во летниот преоден рок неизвесноста беше голема, откако тој изрази желба да го раските договорот и да замине. Сепак, некако успеаја да го наговорат да остане.
–Сите навивачи на Барселона мора да се обединат и да бидат сигурни дека најдоброто за нашиот клуб допрва доаѓа. Уште поголема страст, ентузијазам, тоа е единствениот начин да се постигнат сите наши цели. Секогаш обединет во иста насока. Јас ја преземам одговорноста за моите грешки. А тоа го правев само за да ја направам Барселона подобра и посилна, изјави Меси, а пренесува каталонски „Спорт“.