Фудбал
Меси конечно на тренинг
Како што јавуваат каталонските медиуми, Лионел Меси конечно попладнево треба да се појави на закажаниот тренинг на Барселона со почеток во 18:30 часот. Како што е познато, Меси неколку дена не се појавуваше на тренинзите бидејќи бараше да замине. Сега, ситуацијата, барем за оваа сезона е решена, па тој ќе го доработи договорот со каталонскиот тим до крајот.