Фудбал
Меси на мали години…„Не зборуваше, беше срамежлив и само тренираше“
Поранешниот репрезентативец на Аргентина Роберто Ајала открил како со текот на годините се развивал Лионел Меси.
Аргентинецот тврди дека Меси поминал пат од срамежливо момче кој не може да го гледа во очи постариот кога му зборува до човек кој е капитен на Барселона и Аргентина.
„Меси сака кога го третираат како и сите останати, не сака да се истакнува. Тој е затворена личност и во последните неколку години многу созреа. Денес е лидер на теренот. Кога почнуваше и бевме соиграчи скоро и воопшто да не зборуваше. Денес учествува во се, секогаш разговара со соиграчите и ги прашува како се. Дури и пред натпреварите, многу зборува“, изјави Ајала.