Connect with us

Фудбал

Меси: Не сум најдобар во светот, туку само еден во низата, Аргентина е кандидат за титулата

Играчот на Барселона и репрезентативецот на Аргентинтина, Лионел Меси рече дека не се смета за најдобар фудбалер во светот и дека сите играчи на теренот се еднакви.

Меси вели дека тој е само еден од многуте играчи и не се смета за најдобар во светот. 

“Јас не мислам дека сум најдобар, но сум само еден од многуте играчи. Кога играта почнува, на полето сите сме исти”, рече Меси. 

После тоа, капитенот на Аргентина додаде дека „Гаучосите“ секогаш имаат највисоко можни амбиции и се надева дека тимот преку самото натпреварување ќе расте и ќе го покаже својот квалитет. 

“Важно е добро да се подготвиме бидејки на квалификациите се боревме до самиот крај. Ние мора да бидеме посилни како тим, ако сакаме да дојдеме до победа и нивото на кое се Франција, Германија, Бразил и Шпанија. Имаме добар состав и Аргентина се уште е кандидат за титулата. Нашати цели секогаш се високи и ќе се обидеме да напредува преку натпреварувањето”, истакна, покрај Кристијано Роналдо, моментално најдобриот играч во светот.

Аргентина ќе игра на Светското првенство во групата со Хрватска, Исланд и Нигерија, а првиот натпревар ги очекува на 17 јуни против Исланд.