Фудбал
Меси објасни зошто го одбрал дресот со број 30 во ПСЖ
Лионел Меси се уште не одиграл ниту еден официјален меч за ПСЖ, а веќе руши рекорди. Илјадници дресови со неговото презиме се продадени во првиот ден при неговата промоција, а според информациите од Париз само од продажбата на дресовите, веќе е надмината сумата која Аргентинецот треба да ја добие како годишна плата, а тоа е 35 милиони евра.
Сите очекуваа дека Меси и во ПСЖ ќе носи десетка. Сепак, тој ја одбил понудата на Нејмар да го земе овој број. На грбот „Волшебникот“ ќе носи број 30.
-Бројот 30 е прв број со кој играв во Барселона. По толку долго време и овие големи промени, се чуствувам како да почнувам од почеток. Затоа сметав дека е вистински избор бројот 30 како знак на нов почеток, изјави Меси за тамошните медиуми.