Connect with us

Фудбал

Меси одби да му пружи рака на Левандовски (ВИДЕО)

Аргентина ја совлада Полска со 2:0, но на крајот и Полјаците се пласираа во осминафиналето, бидејќи во истата група Мексико ја совлада Саудиска Арабија со 2:1, а им требаше барем уште еден гол за да тие бидат помеѓу најдобрите шеснаесет селекции.

Како и да е, Аргентина целосно ја надигра Полска, но од овој меч многу се зборува за потегот на Лионел Меси, кој промаши пенал во првото полувреме. Имено, при еден меѓусебен дуел на теренот, Левандовски го фаулираше Меси, а судијата покажа прекршок. Иако најдобриот полски фудбалер негодуваше на одлуката на судијата, сепак одлучи да му се извини на Меси и да му пружи рака, но ѕвездата на Аргентина одби да се поздрави. Навистина некоректно од еден од најдобрите.


Но, се чини после мечот, ги решија сите недоразбирања и тоа повторно Левандовски прв му пријде да му ја честита победата и пласманот во осминафиналето.