Фудбал
Меси повторно тренира со Барса (видео)
Барселона, 7 септември 2020 (МИА) – Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, повторно тренира со тимот. По цел месец контрадикторни информации, според кои Меси остана тука и го напушти каталонскиот гигант, денес се чини дека сагата конечно заврши.
Аргентинецот се појави на тренинг базата и ќе учествува на денешниот тренинг.
Messi has arrived at Ciutat Esportiva ahead of the training session! #FCB pic.twitter.com/HeKJIUVyd0
— Hagrid ✆ (@HagridFCB) September 7, 2020
Крајот на приказната изгледа среќен, бидејќи Меси сè уште останува во Барселона, но за навивачите на тимот остана горчината дека одлуката е задолжителна.
Самиот Меси издаде соопштение во кое објасни зошто ќе продолжи да го носи дресот на тимот, под водство на Роналд Куман.