Фудбал
Меси повторно удри по Бартомеу, овој пат причина е Суарез
Лионел Меси повторно влезе во конфликт со првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу. По кој знае кој пат Аргентинецот ја критикува работата на раководството, а сега причина е Луис Суарез, кој вчера се прости од Каталонците, каде мина шест години.
-Беше еден од најважните играчи во клубот. Направи големи работи. Не заслужи вака да те избркаат. Но, во овој момент не ме изненадува ништо од овие луѓе, напиша Меси.