Фудбал
Меси се израмни со Чави
Лионел Меси се израмни со Чави како играч со најмногу настапи за Барселона, а в недела против Реал Сосиедад несомнено и ќе го преземе рекордот. Сега двајцата имаат по 767 настапи во дресот на каталонскиот тим.
Меси го имаше дебито за Барселона на 16 октомври 2004, влегувајќи како резерва на средбата со Еспањол. Оттогаш постигна 661 гол и освои 34 трофеи, од кои 10 титули во шпанското првенство и четири во Лигата на шампионите.
A Special Night#Messi767 #Messi pic.twitter.com/Ur8Aofk2TE
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 16, 2021