Фудбал
Меси, тажен за смртта на поранешниот селектор на националниот тим
Лео Меси вчера имаше многу горчлива вечер. Тој го загуби директното соочување со најголемиот ривал Кристијано Роналдо, но доби и лоши вести од својата татковина, каде животот го загуби Алехандро Сабела. Како почит кон поранешниот селектор на Аргентина, Меси ја објави оваа порака на социјалните мрежи:
„Беше задоволство да споделам толку многу со вас. Алехандро беше одлична личност, дури и одличен професионалец, кој ја одбележа мојата кариера. Научив толку многу од него. Доживеавме заедно некои од моите најдобри фудбалски спомени за време на квалификациите за СП, исто така и за време на финалето на СП. Сочуство за целото негово семејство и пријатели!“, напиша Меси.