Фудбал
Меси во ПСЖ прв ден: Ова е лудо, ќе играм со најдобрите играчи во светот!
Лионел Меси на својата прва прес конференција како играч на ПСЖ изјави дека изминатите седум дена биле најтешки во неговиот живот. Разделувањето со Барселона не било лесно, но сега отвора нова страница, ново поглавје во неговата кариера и неговиот живот.
Со оглед на тоа дека Нејмаб и Мбапе ќе останат во клубот, барем соред најавите на сопствениците, Меси беше прашан што мисли на тоа дека ќе игра во тандем со нив.
-Многу сум среќен, навистина е лудо. Ќе играм со најдобрите играчи во светот, а тоа секако секогаш е добро, изјави Меси.