Фудбал
Меси во Реал? Серхио Рамос со неговиот одговор ја бранува целата Шпанија
Лионел Меси во Барселона, а Серхио Рамос во Реал Мадрид важат за икони на клубовите. На двајцата им истекуваат договорите на лето, па можат како слободни играчи да заминат. Токму на оваа тема Рамос беше прашан од новинарите во Шпанија. Го прашаа дали тој би играл за Барселона, одговори никогаш.
– Нереално да се очекува Чави, Пујол или Меси да дојдат во Реал, така сме и ние во Реал кои не можеме да играме за Барселона, вели Рамос.
Сепак, беше прашан што мисли за идејата Лионел Меси да дојде во Реал Мадрид. Со неговиот одговор ја бранува цела Шпанија.
-Ако Меси се согласи да дојде во Реал Мадрид, ќе му понудам сместување во мојата куќа барем неколку недели додека не успее да пронајде свое. Тој може удобно да се смести во мојот дом и јас би бил многу среќен што би бил домаќин на него, изјави Рамос.
Рамос вели дека иако долги години се големи ривали, сепак би било глупаво доколку каже дека не би сакал Меси да дојде во Реал, иако такво нешто како што вели не е можно.