Фудбал
Месут Озил го напушта Арсенал по седум години!
Германскиот фудбалер повеќе не е член на Арсенал.
Озил мина скоро осум години во Арсенал и сега конечно е договорено да се стави крај на соработката, па играчот за врска ќе стане нов член на Фенербахче како слободен агент.
Озил имаше договор до летото, но долго време го нема во протоколот за натпреварите на „Топџиите“. И покрај ова, тој немаше намера да го напушти Арсенал дури оваа зима, кога започна со преговори со Фенер.
Озил веќе е во Истанбул и тој утре треба официјално да потпише за турскиот гигант.
Тој дојде во Арсенал во 2013 година за 47 милиони евра од Реал Мадрид, а за лондонскиот клуб одигра 184 натпревари во Премиер лигата, постигна 33 гола и запиша 58 асистенции.