Connect with us

Фудбал

Месут Озил имаше таен разговор со клубот кој сака да го донесе во јануари

Германскиот фудбалер Месут Озил досега нема одиграно ниту една секунда во дресот на Арсенал оваа сезона.

Микел Артета го отпиша Озил, кој тренира со првиот тим уште од крајот од минатата сезона, но тој веќе половина година не е во конкуренција за натпревари. Германецот одби да го напушти Арсенал минатото лето, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона и тој ќе може да си замине како слободен агент.

Сепак, се чини дека Озил повеќе не сака да го чека крајот на сезоната и дека е подготвен да го напушти Лондон во јануари, и да ја најде среќа во друг клуб.

Англиските медиуми денес објавија дека Озил скоро сигурно ќе го напушти Арсенал и дека неколку клубови покажале интерес за него. Како прво, ова се однесува на Фенербахче, кој веќе некое време е во контакт со искусниот играч за врска.

Челниците на Фенер сакаат да го донесат Озил веќе за зимата, па затоа се подготвени да платат одредена сума на обештетување за него. Тој, исто така, наводно одржал таен состанок со челниците на Фенербахче за кој не му рекол ништо на Арсенал.

Јасно е дека Озил сака да замине во турскиот клуб, но фактот дека никој од Арсенал не знаеше за состанокот може да ја отежни ситуацијата во преговорите.