Connect with us

Ракомет

Металург го скрши мразот против руските мечки

Македонскиот ракометен вицешампион екипата на Металург, ја забележа првата победа во Лигата на шампионите, откако го совлада рускиот тим Чеховски Медведи со 25:24, во рамки на 6. коло од групата Ц.

Без Халил Јагањац, засилен со трите нови имиња во своите редови (Александар Шпенде, Миха Пучник и Гонзало Рибеиро), тимот од Автокоманда конечно ги прокнижи првите бодови во најквалитетното клупско ракометно натпреварување во Европа.