Connect with us

Ракомет

Металург  ќе го покаже новото лице на дуелот со Чеховски Медведи

Ракометарите на Металург со три нови засилувања, утре (17.00 ч)  во СЦ „Борис Трајковски“, ќе го пречекаат  тимот на Чеховски Медведи, во рамките на 6. кол од Ц – групата во Лигата на шампионите. По заминувањето на Филип Кузмановски во Еурофарм Работник и Халил Јагањац во Нексе, тимот од „Автокоманда“ се засили со тројца бекови Александар Шпенде (лев бек), Гонзало Риберио (среден бек) и Миха Пучник (лев бек).

-Реков дека едвај ја чекам репрезентативната паузата за да се консолидираме. Тоа и го направувме. Сега сме комплетни, личиме на екипа, имаме повеќе избор за ротација. точно е дека го загубивме Халил Јагањац, но направивме една добра работа во период кога тешко се наоѓаат квалитетни засилувања. Им благодарам на управата и на спонзорот кои ни овозможија да ги реализираме трите трансфери во овој краток период. Се надевам дека со овие три засилувања ќе бидеме многу поконкурентни. Се надевам дека сите тројца брзо ќе се прилагодат ќе влезат во нашиот систем на работа. Мислам дека нивното присуство ќе придонесе да профитираме, односон нашите млади играчи ќе може да научат нешто ново од нив, изјави тренерот на тимот Данило Брестовац.

Новата бековска тројка на својата промоција ги кажа своите очекувања во пресрет на продолжението од сезоната не само во Лигата на шампионите, туку и во пресотанатите натпреварувања каде што партиципира тимот на Металург.

-Тука сум две недели, Скопје е убав град. Тренинзите се супер, треба тоа да го покажеме на терен. Да почнеме да победуваме и во Супер-лигата да му конкурираме на Вардар, рече Шпенде.

Пучник, кој е најстариот играч на Металург, посакува своето искуство во тимот да го пренесе на вистински начин.

-Одлично се чувствувам тука, се надевам дека ќе им помогнам на младите играчи да добијат искуство, ќе биде подобро од претходно, се надевам дека тоа ќе го покажеме на натпреварите кои следат, вели Пучник.

Ако се прашува новото португалско име, тимската игра треба да го издигне Металург скалило погоре.

-Среќен сум што сум тука, ми се допаѓа проектот на Металург. Најважно е да бидеме сите заедно, за еден Португалец е голема работа толку млад да играм во Лигата на шампионите, го сакам најдоброто за мене и за тимот, изјави Риберира.