Ракомет
Металург поразен од Војводина во меч од СЕХА лигата
Ракометарите на Металург се поразени од Војводина во натпревар од регионалната СЕХА лига.
На средбата од 4.коло одиграна попладнево во Нови Сад, екипата на Металург загуби од српскиот првак Војводина со 21-19 полувреме 11-11.
Најзаслужен за првата победа на Војводина беше Душан Трифковиќ со 4 гола, додека кај Металург, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Филип Кузмановски со 5, додека Божо Анџелиќ постигна еден помалку. За тимот од Автокоманда ова беше втор пораз во СЕХА конкуренцијата.
Покрај овој меч вечерва се игра и средбата Нексе – Горење Велење, а на вчера одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Вардар – Татран Прешов 32-28, Мешков Брест – Динамо Панчево 29-26 и ППД Загреб – Целје 25-25.
За македонските претставници Вардар и Металург викендов претстојан натпреварите од 2.коло во Лигата на шампиони, и тоа двата во Скопје.
Вардар во сабота (17:30 часот) ќе биде домаќин на Нант, додека во недела (17 часот) Металург го пречекува Бешикташ.