Connect with us

Ракомет

Металург против Загреб во продолжението на СЕХА лига

Ракометарите на Металург денеска против екипата на Загреб ќе ја продолжат натпреварувачката сезона во СЕХА лигата.

Гостинскиот тим доаѓа со нов тренер на клупата, Словенецот Бранко Тамше, кој го замени поранешниот тренер на „металурзите“, Лино Червар.

Тренерот на тимот од Автокоманда, Данило Брестовац пред два дена изјави дека Тамше е дијаметрално спротивен од актуелниот тренер на хрватската репрезентација, откако сака да наметнува побрз ракомет.

– Познавајќи го Тамше од Целје, Познавајќи го Тамше од Целје, тој е дијаметрално спротивен тренер од Червар и тој сака да игра повеќе брз ракомет. На самиот натпревар ќе мораме да се адапатираме на начинот на кој ќе игра противникот, но тешко е да се подготвиме затоа што не знаеме дали ќе играат на истиот начин од претходно. Можам само да погодувам како ќе играат, Ако се придружуваме на нашиот систем и имаме свежина, тогаш се надевам дека ќе го дадеме најдоброто и ќе фатиме континуитет со добрите натпревари од Франција, изјави Брестовац на редовниот прес пред мечот.

Металург пред денешното коло е на претпоследното место во регионалната лига со 7 бода од 14 натпревари.

Дуелот почнува од 20,30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.