Connect with us

Ракомет

Металург со четири измени на мегдан против Спортинг

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург на денешната средба со Спортинг Лисабон од третото коло на Лигата на шампионите ќе настапи во променет состав во однос на оној со кој настапи на средбата со Бешикташ.

Место Томовски на Арсиќ ќе му помага Даниловски, место Петров во составот е Арсеновски, на десното крило место Гуглета е младиот Шилегов, а на местото на Лапајне во составот ќе биде младиот Серафимов.

Тимот од Автокоманда ќе игра во следниот состав: Арсиќ, Даниловски, Анџелиќ, Арсеновски, Димитриевски, Дрогришки, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Палевски, Пешевски, Серафимов, Шилегов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Судии на средбата ќе бидат Молдавците Игор и Алексеј Ковалчук, додека делегат ќе биде Црногорецот Предраг Павичевиќ.

Натпреварот почнува во 17 часот и 30 минути.