Фудбал
Михајловиќ го отстрани Љајиќ поради лошо однесување
Тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ го изостави од синоќешниот дуел со Лацио, Адем Љајиќ, но и без него гостите успеа да слават на гостувањето во Рим (1:3).
Михајловиќ кажа дека Љајиќ е отстранет од тимот поради недолично однесување.
Љајиќ беше на трибините на „Олимпико“ поради лошо однесување. Тимот не зависи само од еден играч. Тој направи во текот на неделата некои глупости кои не ми се допаѓаат. Очекувам различен став, позитивен пример од фудбалер како него. Го испратив на трибини. Ќе видиме дали научи нешто, изјави предводникот на Торино.