Фудбал
Михајловиќ го тужи Спортинг и бара отштета од десет милиони евра
Српскиот тренер Синиша Михајловиќ доби отказ од Спортинг само по девет дена откако потпиша тригодишен договор и поради тоа одлучи да го тужи клубот од Лисабон.
Португалскиот спортски весник „А Бола“ наведува дека Михајловиќ не може да се помири со фактот дека на тој начин е избркан од клубот и бара отштета од Спортинг од десет милиони евра.
Според договорот, кој во меѓувреме беше раскинат, српскиот тренер треба да добие шест милиони.
Михајловиќ договорот со Спортинг го потпиша на 19 јуни, додека со клубот раководеше Бруно де Карваљо.
Новото раководство предводено од Соуза Синтра, не го сака српскиот тренер и одлучи да го раскине договорот.