Фудбал
Михајловиќ откако го победи коронавирусот: Тоа за мене беше како чаша испиена вода
По победата над леукемијата, Синиша Михајловиќ го победи и коронавирусот. Се врати на тренинзите на Болоња, а сега е во центарот на вниманието на медиумите и секако беше запрашан и за ова.
-По искуството со леукемијата и шестмесечната битка, по три хемотерапии и трансплантација на коскена срж, коронавирусот за мене беше како испиена чаша вода, вели Михајловиќ.
Тренерот на Болоња потенцираше дека бил позитивен, но немал изразени симптоми на коронавирусот.