Фудбал
Михтарјан сака да се врати во Дортмунд
Хенрих Михтарјан сака да се врати во Борусија Дортмунд, од чии редови отиде во Манчестер Јунајтед летото 2016 година, објави „Билд“.
Ерменскиот играч од средниот ред е незадоволен од неговиот статус како резерва под водство на Жозе Мурињо, кој е подготвен да дозволи трансфер на играчот при поволна финансиска понуда.
Михтарјан е подготвен да се врати на „Сигнал Идуна Парк“ но Ханс-Јоаким Ватске, директор на германскиот клуб, претходно изјави дека „милионерите“ не се заинтересирани за овој трансфер.
Михтарјан играше за Борусија Дортмунд три години, во кои забележа 139 натпревари и постигна 41 гол.