Други спортови
Мик Шумахер: Она што му беше мојот татко на Фетел, сега Себастијан ми е мене
Мик Шумахер сигурно ќе дојде во Формула 1 во наредните години каде се надева дека ќе продолжи по стапките на неговиот легендарен татко Михаел.
Мик Шумахер во моментов се натпреварува во Формула 2, а оваа сезона неколку пати го тестираше болидот на Ферари. Мик тргна по стапките на неговиот татко, Михаел Шумахер, кој стана синоним за Формула 1.
Помладиот Шумахер призна дека негов пример во овој спорт е Себастијан Фетел, кој моментно вози за Ферари.
„Јас имам огромна почит кон него. Ние зборуваме за сè и тој ми дава многу совети. Она што му беше мојот татко на Фетел, сега Себастијан ми е мене. Јасно е дека тој е мој пример и јас би сакал да бидам како него“, изјави Мик Шумахер.
Младиот германски возач оствари една победа во Формула 2 годинава во трката за Гран-при во Унгарија. Тој ќе остане член на Ферари и се очекува да добие шанса во Ф1 во иднина.