Connect with us

Ракомет

Микел Хансен не сака да игра на СП: Нека ми ја објаснат во што е поентата

Најдобриот светски ракометар Микел Хансен (33) може да го пропушти Светското првенство во Египет, кое ќе се игра од 13 до 31 јануари.

Бидејќи беше решено да се игра првенството со навивачи, Хансен нема желба да игра пред илјадници луѓе поради пандемијата на коронавирусот.

„Не знам дали воопшто треба да се игра. Не треба да има навивачи. Нека ми објаснат која е поентата ние играчите да бидеме изолирани во хотел, да патуваме во специјални автобуси, со маски, а потоа да излеземе на теренот пред толку многу луѓе“, се прашува Хансен.

„Ризикот е огромен за сите. Јас навистина ќе размислам дали воопшто ќе играм на Светското првенство“.

Данска на Светското првенство игра во група со Аргентина, Бахреин и Конго и е голем фаворит бидејќи е и актуелен светски шампион, но без Хансен, секако, сè би било потешко, вклучително и одбраната на титулата.